Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Осумдневен домашен притвор за двајца демонстранти

0
By Нова ТВ on April 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2016 13:49

СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Јавното обвинителство во Скопје против Н.А.  (30) и Ф.Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека за време на одржување на протестите на 13 април учествувале во толпа при што фрлале тврди предмети, го кршеле инвентарот и извршиле други оштетување на надворешноста и внатрешниот дел на објектот на народната канцеларија на Претседателот на РМ, предизвикувајќи значителна материјална штета со што сториле кривично дело  „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, соопшти МВР.

За стореното кривично дело, од страна на Судија на претходна постапка на двајцата пријавени, кои и досега се кривично пријавувани за кривични дела проследени со насилство,  им е изречена мерка-домашен притвор во траење од по осум дена.

Во соопштението се наведува дека двајцата биле во толпата која влегла во Народната канцеларија на Претседателот и која го оштетила и го изнесувала инвентарот на улицата. Двајцата, за едно со уште едно, за МВР непознато лице потоа го запалиле.

– Откако кордонот од полициски службеници започнале да ја потиснуваат толпата во правец на Министерството за правда, толпата продолжила да фрла со разни тврди предмети при што е оштетен објектот на Министерството за правда и е повредено едно лице-новинар на медиумот “Плусинфо“. При поттиснувањето на толпата од страна на УПС од ЕБР, лишени од слобода се 13 лица, меѓу кои и двајцата кривичнопријавени и истите биле однесени во ПС ОН Центар за понатамошна постапка, се вели во соопштението.

Во дадените изјави пред полициските службеници, пријавените, како и останатите 11 приведени во целост негираа каква било поврзаност со кривичното дело, односно дека биле присутни на протестот и дека мирно протестирале, што не соодејствува со утврдената фактичка сосотојба од страна на ПС ОН „Центар“, за што против 11 лица се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка по  член 14 и 15 од ЗППЈРМ, велат од МВР.

демонстранти кривични пријави МВР протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.