Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава регистрира 359 прекршоци на мерката за носење на заштитна маска.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.