Вчера на територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 144 мерки од кои 42 за возење над дозволената брзина.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека од вкупниот број на изречени санкции, 19 се однесуваат за возење без возачка дозвола, четири за минување на црвено светло, 53 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.