Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР со засилени патроли по заканите кон пратеници на СДСМ

1
By Нова ТВ on March 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи го зголемило бројот на полициски патроли во неколку реони низ државата, по вчерашното донесување на Законот за употреба на јазиците, кое помина во бурна и тензична атмосфера, во која за влакно беше избегната и физичка пресметка меѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник, Никола Груевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Засилените мерки следуваат и по заканите упатени кон пратениците на СДСМ и коалицијата поради гласањето на Законот. Ноќеска како што информираше МВР, бил запален и автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева во Виница.

„Врз основа на безбедносните проценки МВР ги презема неопходните мерки за гарантирање на сигопрноста и безбедноста на граганите и државата. Во текот на вчерашниот ден согласно безбедносните процнески беше зголемен бројот на полициски патроли во неколку реони низ државата. МВР ги следи тековните случувања и се прават редовни безбедносни проценки врз основа на кои се преземаат соодветни мерки“, соопштија за НОВА од МВР.

Пратеникот Павле Богоевски, кој е дел од коалицијата на СДСМ, за НОВА вели дека пратениците немаат полициска заштита во класична смисла, но можно е и најверојатно има засилени полициски патроли.

Полицијата во меѓувреме трага по лицата кои ноќеска го запалиле автомобилот на Шуманска – Митева и работи на расчистување на случајот. Инцидентот се случил околу 1.30 часот на улицата Славчо Стојменски во Виница.

МВР соопшти дека непознати сторители го искршиле стаклото на автомобилот „сеат леон“ на пратеничката, ја полеале внатрешноста со запалива течност и го запалиле.

Пратеничката Шуманска – Митева во изјава за „Фокус“ вели дека зад синоќешниот инцидент стојат вандали охрабрени од вчерашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, кои се обидуваа да го спречат гласањето за Законот за јазиците.

Таа додава дека изминатиов период добивала закани, но вели дека не очекувала вакво нешто.

-Имаше закани по пораки, но ниту на сон не верував дека ќе се случи вакво нешто. Очигледно имаат храброст, но не им се плашам. Ова е кукавички чин, не е во ред да прават вака среде ноќ.Ова е чист вандализам-вели пратеничката на СДСМ, Шуманска – Митева.

МВР денеска соопшти и дека на вчерашниот протест пред Собранието против Законот за јазиците било приведено 27-годишно момче, кај кое биле пронајдени пендрек и камења.

 

закани Закон за јазици МВР патроли пратеници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.