Министерството за внатрешни работи (МВР) е во потрага по екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски кому велешкиот Основен суд му изрече мерка притвор во траење од 30 дена за негово обезбедување на рочиштата за случајот АКМИС. Полицијата, велат извори од таму, постапува по судска наредба и во оној момент кога Панчевски ќе биде лоциран, ќе биде и приведен.
Мерката за Панчевски е образложена со негово непојавување на судењето за АКМИС. Скопското Обвинителство пред една година поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.
Судењето за овој предмет требаше да почне наесен, но досега сè уште не е започната главна расправа за случајот.