Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера изрече вкупно 165 сообраќајни мерки на територија на Град Скопје, меѓу кои 38 за возење над дозволената брзина, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни возила, соопшти МВР.
Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник.„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се нагласува во соопштението на МВР.