Во последното 24 часа, според Министерството за внатрешни работи (МВР), се затекнати 641 лице без заштитна маска на територијата на цела држава.

Од МВР информираат дека во изминатото деноноќие се издадени решенија за изолација за 435 лица, а 75 граѓани потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум прекршувања на мерките.