Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Два нови смртни случаја на Инфективна и 46 новозаболени од ковид-19

0
By Нова ТВ on April 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови два смртни случаја на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и 46 нови случаи на заболени од коронавирус во изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство. Едниот починат пациент, чиј резултат од тестот за ковид-19 се чека, е од Куманово, на 70 годишна возраст, и имал и коморбидитети (хипертензија и срцева слабост). Вториот, пак, е од село од околината на тетовско на возраст од 68 години кој имал артериска хипетензија.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 13, Куманово – 23, Дебар – 2, Прилеп – 1, Тетово – 2, Велес – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2. Со нив, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјава изнесува 430 лица, а според местото на живеење, пациенти со коронавирус досега се регистрирани во:

Скопје – 208
Куманово – 85
Дебар – 49
Штип – 15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 1

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на ковид-19, во текот на денешниот ден се испишани тројца пациенти во добра здравствена состојба.

Во изминатото деноноќие се направени 389 теста од кои 222 преку Институот за Јавно Здравје (ИЈЗ). Останатите се реализирани преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија „Авицена“ – 22, „Биотек“ – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на ковид-19.

Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на ковид-19 од болницата во Куманово. Подетални информации за нив се најавени на редовната прес-конференција на министерот Филипче во 16 часот.

Ковид-19 Македонија Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.