Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Можни рестриктивни мерки за невакцинираните граѓани

0
By Ivana on July 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прилично добро се одвива целокупниот процесот на вакцинација, а денес веројатно ќе ја надминеме бројката од 500 илјади вакцинирани граѓани со најмалку една доза, од нив над 330 илјади се веќе ревакцинирани, соопшти министерот за здравтство Венко Филипче.

– Добро се одвива и теренската вакцинација, околу 20 илјади граѓани се вакцинирани. Помеѓу 3000 до 5000  дневно се вакцинираат со теренската вакцинација. Во однос на заболените, некаде 92 пациенти има заболени од 330 илјади кои се ревакцинирани. Во проценти тоа би значело дека само околу 0,02 проценти се заболени.  Што значи дека вакцината е корсна и граѓаните треба да се вакцинираат. Важно е да се вакцинираат и вработените во градинките и училиштата за да може да почнат со работа овие установи од септември, рече Филипче.

Тој потенцира дека прилично добро се менаџираат пунктовите во здравствените домови.

– Чекавме да помине масивниот интерес за ревакцинација, затоа ќе бидат затворени дел од спорстките сали за вакцинација и сметам дека вакцинацијата треба да продолжи да се извршува во здравствените домови, додаде Филипче.

Министерот уште еднаш потенцираше дека засега нема да бидат воведени никакви рестриктивни мерки.

– Размислуваме дали ќе се воведат мерки во септември или почетокот на октомври. Се размислува да се воведат рестрикции за тие што не сакаат да се вакцинираат бидејќи го загрозуваат здравјето на останатите. Засега нема нови заболени од делта сојот во нашата земја, рече министерот.

Тој посочи дека околу 630 деца под 18 години се веќе вакцинирани, а лекарските екипи остануваат на терен, додека псоел 14 август ќе се интензивира кампањата за вакцинација.

делта сој здравје Корона невакцинирани рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.