Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЖСПП: Винил хлорид од ОХИС ќе се преточи и транспортира од државата

0
By Нова ТВ on August 6, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: kanal5.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2020 13:45

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги демантира информациите што деновиве беа објавени на социјалните мрежи во врска со опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС.

„На 29 јули 2020 година, Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект „Еко центар 97“ од Скопје во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали. (https://bit.ly/31fywxw)“, посочија од Министерството.

Од МЖСПП ги споделија клучните информации од Извештајот, меѓу кои и дека е обезбеден висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.

„За преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер „Еко центар 97“ Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа: потпишани се договори со правен субјект Инсенератор (печка за палење отпад) од Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција (Curium S.A.S., Montagny, France), и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ“, стои во Извештајот.

Имено, како што наведоа од МЖСПП, според Извештајот, планираната посета на инженерите од Curium од Франција и Италија која што требаше да се реализира во втората недела од март оваа година, морала да биде одложена поради глобалната пандемија од Ковид-19 со која што беше зафатена и нашата земја и затворањето на граничните премини.

„Исто така, набавени се и веќе се пристигнати 2 (две) цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на Винил Хлорид Мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација – Инсенераторот во Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany). Во моментот, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните два-три месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, нагласија од Министерството.

„Еко Центар 97“ Винил Хлорид Мономер Германија МЖСПП Охис Преточување Транспорт Цистерни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.