На денешните вонредни избори за градоначалник на општина Зајачар, Србија, која се сметаше за лакмус за политичкото расположение на српските граѓани, локалната опозиција прогласи победа.
Граѓани на градскиот плоштад слават со извици: „Победа“ и “Конечно слобода“.
Доколку официјалните конечни резултати се покажат за точни, ова ќе биде прв поголем пораз на партијата на власт, „Српска народна странка“ и на нејзиниот основач и лидер во сенка, српскиот претседател Александар Вучиќ.