На 17 октомври ќе биде соопштена пресудата за настаните во кумановската населба „Диво насеље“ кога загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група.

Денеска беше последно рочиште на кое обвинетите ги изнесуваа завршните зборови. Во претходните рочишта, дел од обвинетите признаа дека биле дел од групата, други пак негираа дека се терористи.

Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави и меѓународна истрага за кумановските случувања.

Во случајот се обвинети 37-мина за тероризам и за терористичка организација.