Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На повидок трговска војна САД – ЕУ: Брисел се закани со контрамерки

0
By Нова ТВ on March 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ размислува да воведе 25 проценти данок на американскиот увоз од 3,5 милијарди американски  долари, доколку смериканскиот претседател Доналд Трамп го исполни својот план да воведе царина за увоз на челик и алуминиум, објави  Ројтерс, цитирајќи извори од ЕУ.

Светската трговска организација ги предупреди САД да не започнуваат трговска војна, на што Трамп преку Твитер одговори дека САД “немаат избор”.

Европската комисија на својот состанок следната среда конкретно ќе разговара за можни реципрочни мерки.

Вчера Трамп објави воведување дополнителни увозни давачки во износ од 25 проценти за челикот и 10 проценти за алуминиум, за да помогне во закрепнување на домашната индустрија и прекинувањето на како што рече “неправедната трговија и лошата политика со земји од целиот свет”.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, објави дека ЕУ нема друг избор освен да одговори ако САД го финализираат планот.

-Ние ќе одговориме на “не фер” обврските на САД, смета тој. “Ако Американците воведуваат давачки на челик и алуминиум , ние мораме да ги третираме американските производи на ист начин”, изјави Јункер.

Американскиот претседател, пак, после ова, само ја засили својата вербална војна и се закани ќе воведе данок за увоз на автомобили од Европската унија, објави Би-Би-Си.

Трамп изјави дека другите земји ги користиле САД долго време поради нивните многу глупави трговски договори.

-Ако ЕУ сака понатаму да ги зголеми своите веќе масивни тарифи и бариери за американските компании кои имаат бизниси таму, едноставно ќе примениме данок на нивните автомобили кој слободно ќе се прелива во САД,  Трамп напиша на Твитер.

Трговската криза почна во четвртокот, кога Трамп вети дека ќе наметне големи давачки за увоз на челик и алуминиум. Тоа го осудија трговските партнери, а стигнаа и критики од ММФ и СТО.

даноци ЕУ Јункер САД Трамп трговија трговска војна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.