Големата смена на туристи во текот на викендот предизвика долги и повеќечасовни задржувања на одредени гранични премини на Србија, а најкритично е на премините со Хрватска и Унгарија, соопшти Автомото сојузот на Србија.
Според податоците на Управата за гранична полиција на преминот Хоргош кон Унгарија се чека околу 4 часа, и се советува користење на граничните премини келебија или Бачки Брег, додека премините Бајмок, Ѓала, Бачки Виногради и Хоргош 2 се отворени од 7 до 19 часот и таму задржувањата се двојно пократки.
Задржувањата се најдолги на преминот кон Хрватска Батровци каде од вчера на излез од Србија и за влез во Хрватска се чека до 7 часа, но и меѓузоната е полна, што го продолжува времето на чекање.
На граничниот премин Гостун со Црна Гора исто така има засилен сообраќај и се чека околу 40 минути.