НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На ВМРО-ДПМНЕ бегалците им се новата тиранска платформа

3
By Нова ТВ on August 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколкунеделна кампања за тиранската платформа, разгневени партиски војници влегоа во Собранието додека се одржуваше седница за избор на претседател на Законодавниот дом. Резултатотот од тие лаги беше неколку повредени пратеници и еден во критична состојба. Дали со подгревањето на ситуацијата околу мигрантите ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го направи истото? НОВА ТВ денеска се обиде да добие одговор од партијата на ова и на многу други прашања, но за жал никој не одговори на нашите телефонски повици. Одговор на прашањата добивме и по мејл, но до објавувањето на овој текст, одговор немаше. 


Како што ВМРО-ДПМНЕ со тиранската платформа ги подгреваше тензиите пред парламентарните избори и пред настаните во Собранието на 27 април кога повеќе пратеници од опозицијата завршија со скршеници и со тешки повреди, истото го прави и сега, пред локалните избори со ширење на лажни информации дека во Македонија ќе се градат кампови и станови за бегалци.

Тогаш од позиција на владејачка партија, членовите на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски излегуваа на сите вести и велеа дека СДСМ ја прифатиле тиранската платформа и ќе направи федерализација на Македонија, изоставувајќи го оној дел дека и нивната партија се согласила на истите услови, освен оној за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

По неколкунеделна кампања за тиранската платформа, разгневени партиски војници влегоа во Собранието додека се одржуваше седница за избор на претседател на Законодавниот дом. Резултатотот од тие лаги беше неколку повредени пратеници и еден во критична состојба.

Дали со подгревањето на ситуацијата околу мигрантите ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го направи истото? НОВА ТВ вчера се обиде да добие одговор од партијата на ова и на многу други прашања, но за жал никој не одговори на нашите телефонски повици. Одговор на прашањата пративме и по мејл, но до објавувањето на овој текст, одговор немаше.

ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференции и трибини ги поттикнува граѓаните да веруваат дека Македонија повеќе нема да биде транзитна зона и на граѓаните им раскажуваат дека Владата на СДСМ и министерката Мила Царовска донеле стратегија за мигрантите, која предвидува изградба на станови, кампови и издавање на државјанства на бегалците.

Она што ВМРО-ДПМНЕ не му го кажува на своето членство, е тоа дека иста ваква Национална стратегија за интегрирање на бегалците е донесена во 2008 година. Во дописот кој Министерството за транспорт и врски во 2011 година го испраќа до Владата, пишува дека Заедниците на локалната самоуправа ќе треба да дадат список на слободно градежно земјиште за изградба на овие станови.

Без оглед на тоа што овој документ (види фото) веќе неколку дена циркулира по социјалните мрежи, Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека според стратегијата во општина Аеродром би требало да се изградат нови станбени објекти, а веќе биле поднесени  и документи до поголемиот дел од општините за да изнајдат и парцели за тие станбени објекти. Изјава имаше и градоначалникот на Општината Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече дека бегалците треба да ги згрижи оној кој ги бомбардира нивните држави, а не Македонија.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска уште пред неколку дена ја демантираше оваа информација и рече дека Македонија ќе остане транзитна земја и дека нема да се градат станови за бегалците.

,,Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027’’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт. Лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија. Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита. Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година“, рече Царовска.

Засега  во Македонија има 13 мигранти во ПТЦ Гевгелија, 27 мигранти во ПТЦ Табановце и 15 баратели на азил во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил.

Екипата на НОВА ТВ вчера беше нападната пред Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром каде што по претходно добиен повик од непознат број, граѓаните дојдоа да се потпишат. Пораката која им беше испратена на жителите на Аеродром и Ново Лисиче гласи „Утре од 11 до 19 часот пред ТЦ Бисер да се потпишеме за петицијата против кампови за мигрантите во Општина Аеродром. ОК Аеродром и нашиот МК, се чекаме во 11 часот пред Бисер. Ве молам за масовност“.

Нашата екипа разговараше и со лицата кои ги собираа потписите. Првично, новинарката Сашка Цветковска беше заинтересирана со кои цели се собираат лични податоци како матичен број и други податоци од личните карти на граѓаните дојдени да се потпишат. Едно од тие лица, 19 годишната Јована Ацеска ни рече дека не знае за што им требаат матичните броеви. Таа кажа дека „им верува само на луѓето кои си го кажуваат зборот“, а тоа било ВМРО-ДПМНЕ. Во камера потврди дека е партиски член на сега опозоциската ВМРО-ДПМНЕ.

Се обидовме да добиеме и информација во чија сопственост е бројот на мобилниот телефон од кој се испраќани пораките за масовност на настанот, но тој е заштитен во службата 1188 и за сопственикот не смее да се откриваат информации.

Кога стапивме во контакт со лицето, ни се јави женска особа, која рече дека телефонот е приватен и не сакаше да се претстави.

Потписи против изградба на кампови за мигранти се собираат во речиси сите скопски општини и неколку ширум Македонија.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска во изјава за НОВА ТВ рече дека не верува дека ќе се градат кампови за мигранти во неговата општина, но ако случајно дојде до таа ситуација, тој како градоначалник ќе направи се што може за да ја спречи изградбата на камповите. Коневски демантира, дека Николовска на било кој начин е поврзана е вработена или ангажирна во општината.

бегалци Влада на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ Мигранти Национална стратегија за интегрирање на бегалците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.