Повеќе од 30 лица, од кои четири деца загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.

Од земјотресот се погодени провинциите Јужни Височини и Хела во центарот на најголемиот остров на тихоокеанската држава.

– Епицентарот на земјотресот бил на 560 километри од главниот град на Папуа Нова Гвинеха, Порт Морсби, на длабочина од 35 километри, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Се претпоставува дека најмалку 13 лица загинале во Менди, главниот град на провинцијата Јужни Височини, а другите 18 во реоните на Кутубу и Босаве.

Рударските компании, меѓу кои и американската „Ексон Мобил“ соопштија дека ги проценуваат штетите, а некои фирми евакуираат дел од персоналот.

Според екоактивистот Мартин Наморонг оштетените гасоводи и цевките за отпадоци од рудите предизвикале сериозни отровни излевања.

Поради големите лизгања на земјиштето, властите велат дека е отежнат теренот за проценки на штетите од зејмотресот.