Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирусот во светот надмина 7,2 милиони минатата недела. Инциденцата одговара на нивото во април, велат научниците кои ја следат динамиката на ширење на КОВИД-19.

Сепак смртните случаи се намалени, иако се зголемени за еден и пол пати во однос на претходната недела.

Пад во Европа

Повеќето земји во Европа забележаа голем пад во последните седум дена. Германија сè уште има највисока стапка на инфекција, со скоро 160.000 нови случаи на ден до почетокот на неделата и помалку од 100.000 на крајот од истата. Франција и Италија забележаа пад од 120.000 на 60.000 дневно, а кај Шпанија, Полска и Австрија сè уште се гледа зголемување на бројките.

Стабилизација во Северна и Јужна Америка

Во Северна Америка, од почетокот на јули забележавме околу 100.000 случаи дневно во САД и 30.000 дневно во Мексико во последните две недели, но бројот на случаите во Канада подолго време се држи на ниско ниво.

Стабилна е и ситуацијата во Јужна Америка. Највисоки стапки сè уште се во Бразил, каде што околу 50.000 луѓе се дијагностицираат со коронавирус дневно, но за седум дена стапката е речиси преполовена. Во Чиле, инциденцата е речиси преполовена.

Нагло зголемување во Азија

Глобално зголемување на бројот на инфекции во моментов е забележано главно во азиските земји. Во Јапонија, за прв пат од почетокот на пандемијата, бројот на нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа надмина 200.000, според пресметките направени во саботата врз основа на официјалните префектурни податоци и статистика објавени во локалните медиуми. Со минатата недела зголемувањето е речиси двојно.

Бројот на инфекции исто така се удвои во Јужна Кореја, каде што сега се дијагностицираат околу 70.000 луѓе дневно – најголем број од април. Во Индија, сепак, инциденцата достигна врв, со околу 20.000 луѓе кои секојдневно се разболуваат во земјата веќе трета недела.

Намалување на бројот на смртни случаи

За седум дена, КОВИД-19 предизвика 14.000 смртни случаи ширум светот, што е за 3.600 помалку од претходната недела.

САД сè уште се на прво место со скоро 2.000 смртни случаи за седум дена (за 25% повеќе од претходната недела). Бразил е втор со 1.600 смртни случаи. На трето место е Италија, каде секојдневно умираат повеќе од 130 луѓе. Следуваат Франција и Германија, каде овој показател е нешто помал.