И натаму е трицифрен бројот на новозаболени со ковид-19 во државата, откако вчера беа регистрирани нови 454 заразени. Сметајќи ги и нив, во моментот во Македонија се активни над осум илјади случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 милиони тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, оздравеа 190.806 пациенти, а починаа 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039.
Согласно последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), најмногу новозаболени има во Скопје, потоа во Битола, во Прилеп, во Куманово и во Штип.