Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надежите за напредок кон решение се во Виена

0
By Нова ТВ on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 29, 2018 08:14

Пред утрешната рунда преговори за решавање на спорот со името во Виена до медијаторот метју Нимиц, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав, додека Македонија смета дека прашањето треба да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата и го отфрли предлогот што се појави во јавноста за слеано име, како недостоинствено решение, особено не непреведено.

– Името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи е ставот на официјална Атина, кој го изнесе шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Повтори дека сложеноto име треба да важи за сите, за сите односи, односно и за внатрешноста, да биде изразено со меѓународниот договор потпишан во ОН и со промени во Уставот.

– Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас, додавајќи дека уставната промена е неопходна не само бидејќи тоа е грчко барање и гаранција за Атина, туку и за внатрешни гаранции и за некоја идна влада, затоа што „следниот Груевски 2“ ќе излезе со обвинувања.

Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос пред два дена отиде чекор натаму во коментирање на детали до преговорите, истакнувајќи дека не може да негира правото на една држава да го користи името Македонија, ниту јазикот кои како што рече постојат и мора да с енајде решение како ќе се употребуваат.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров нагласи дека географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата. Димитров повтори дека за македонската страна неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така предочи дека е неприфатливо и име без превод.

– Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано, односно не е безусловено. Исто така таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димитров.

Димитров истакна дека од Виена нема очекувања, туку надеж.

– Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор, вели тој.

Тој најави дека Владата по виенската средба, ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос нагласи дека топката „сега е на теренот на соседите и оти треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор“.

– Сметам дека е факт оти има политичка волја и од двете страни, но сепак постојат прашања што не се едноставни, не се од технички карактер, а главното е прашањето за уставна ревизија за да се покрие предусловот на ерга омнес. вели портпаролот на грчката Влада.

Виена Димитров Коѕијас Нимиц Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.