Кампањата за примање на трета доза на вакцина против ковид-19 во Австрија ќе започне на 17 октомври. Ова го најави министерот за здравство, Волфганг Мукштаjн во интервју за австриското радио.
Третата доза се однесува на оние кои примиле втора доза пред девет месеци – период во кој важи потврдата за вакцинација.
Владата очекува во наредните недели да добие дозвола од Европската агенција за лекови (ЕМА) за да почне да вакцинира со трета доза.