Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава од Заев: „Дура Аутомотив Системс“ со две нови фабрики во земјава

0
By Нова ТВ on December 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 28, 2019 14:07

Водечката светска компанија во автомобилскиот сектор, американската „Дура Аутомотив Системс“ ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

„Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании“, нагласи Заев, додавајќи дека со овие инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.

Во првата фабрика, „Дура Аутомотив Стракшн“ ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе изнесува 48 милиони евра и ќе вработува 780 лица.

Втората фабрика, на „Дура Аутомотив Екстружанс“, ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили. Погонот ќе биде со површина од 10.000 квадратни метри и, исто така, треба да почне со производство во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе биде 20 милиони евра и ќе има 200 вработени.

Премиерот потенцира дека заедно со првата, во трите фабрики, ќе бидат вработени над 1.000 наши сограѓани, кои ќе станат дел од глобалниот систем на „Дура Аутомотив Системс“.

Автоиндустрија Зоран Заев Производство ТИРЗ 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.