Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но сè уште се работат и други земени брисеви, пренесува МИА, цитирајќи извори од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од новодијагностицираните случаи со ковид-19, најголем број се од Скопје. Ова воедно претставува највисок број на ноозаразени лица во еден ден во земјава. Досега најмногу заболени на дневно ниво имаше на 16 апприл кога беа евидентирани 107 лица.