Поради политичките збиднувања во Вашингтон, доларот падна на светските берзи. Неговата вредност е најниска за период од шест месеци.
Еврото скокна за 2.5% во однос на доларот односно изнесуваше 1,1205 долари. Во однос на јапонската валута, доларот ослабна за 1.8% и се тргуваше за 111,25 јени.
Се смета дека овој пад се должи на низата скандали и лоши одлуки на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Од друга страна еврото доби „ветер во грб“ откако во Франција на претседателските избори победи Емануел Макрон.