Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најизвезувани производи од јануари до април: Врвот за катализаторите на „Џонсон Мети“

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: izvoz.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2020 16:39

Македонските компании извезле производи во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра во првите четири месеци од оваа година, што е за 21,6 отсто помалку во споредна со истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот Завод за статистика. Притоа предничеле катализаторите, односно машините за прочистување на издувни гасови што излегуваат од погоните на „Џонсон Мети“ со слободната индустриска зона „Бунарџик“ и учествуваат со повеќе од 25 отсто во вкупниот извоз во периодот јануари – април.

Во топ 6 на листата најизвезувани производи во првите четири месеци од 2020 година уште три ставки во автомобилската индустрија – сетови за спроводници за палење на возила, седишта и табли за електрична контрола. На списокот има и челични производи, сурови руди, текстилни производи што најчесто одат по принцип на лон доработки.

Извор: Државен Завод за статистика

Единствените два готови производи со повисока додадена вредност се автобусите и лековите. Па, така е забележа извоз на лекови од преку 36 милиони евра, шест повеќе од извозот на автобуси. Од извоз на суров прилепски тутин во првите четири месеци е остварен приход од, речиси, 20 милиони евра и нешто повеќе од 11 милиони евра од јаболка.

Статистиката покажува дека извозот на производи само во април 2020 година во споредба со истиот месец лани е паднат за 60,3 отсто, а драстичен пад од 50,9 отсто е забележан и кај увозот. Тоа се должи на нарушената трговија како последица на корона-кризата што го зафати целиот свет, а не ги поштеди ниту македонските компании кои се соочија со низа проблеми во транспортот, нормалното и редовно снабдување со суровини, проблеми со плаќања и откажани нарачки. Но, сепак, постои надеж дека бројките ќе бидат подобрени во третиот и четвртиот квартал од 2020 година во насока на прогнозите и очекувањата за постепено закрепнување на економијата по разорниот удар на Ковид-19.

економија извоз Македонија производи увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.