Македонската машка репрезентација ги заврши настапите на Европското ракометно првенство по три одиграни меча. „Црвено-жолтите“ одиграа најслабо кога беше најпотребно и загубија од Австрија со 28:32 (полувреме 12:18) во последниот настап во групата Б.
Стојанче Стоилов беше најефикасен со пет гола, по три дадоа Кире Лазаров, Гоце Георгиевски, Филип Кузмановски, Бојан Маџовски, Жарко Пешевски и Мартин Поповски. Вебер со седум гола, Билик со шест и Божовиќ со пет беа лидери во австриската репрезентација.
Во вториот меч во групата, од 20.30 часот. ќе играат Чешка и Украина.