Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку 52 лица загинаа во пожар во трговски центар во Сибир

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 10:06

Смртниот биланс од пожарот во сибирискиот град Кемерово се искачи на 52 жртви, а непозната е судбината на 16 лица, изјави министерот за вонредни ситуации на Русија, Владимир Пучков.

Засега нема индиции за причината за пожарот. На телевизиските снимки се гледа како луѓе во паника скокаат од прозорците од трговскиот центар, од кој излегува густ чад.

Според првичните резултати на истрагата, пожарот избувнал во кино сала на четвртиот кат, каде се наоѓа и детскиот центар. Во пожарот целосно изгореа 400 метри квадратни.

Пронајдените тела се уште не се идентификувани, но медиумите јавуваат дека меѓу загинатите има најмалку 14 деца.

– Четири лица се притворени и испрашувани, меѓу кои и закупецот на кино-салата, каде се претпоставува дека избил пожарот, како и менаџерот на компанијата која раководи со трговскиот центар, изјави портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко.

Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица. Трговскиот центар е отворен во 2013 година, со површина од 23.000 метри квадратни, паркинг за 250 автомобили, продавници, сала за куглање, детски центар и кино.

Кемерово пожар Русија сибир трговски центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.