Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку 65 уапсени при протестите на „жолтите елеци“ во Париз

0
By Нова ТВ on December 22, 2018 СВЕТ
Фото: newsweek.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 22, 2018 18:50

Француската полиција уапси најмалку 65 лица за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз. Меѓу уапсените и еден од лидерите на движењето, Ерик Друе.

Протестниот марш, во кој учествуваа околу 1.000 лица, што е значително помалку во споредба со претходните саботни протести во Париз, започна од пред базиликата „Свето срце“ на Монмартр, по што демонстрантите се упатија кон авенијата на Елисејсите полиња.

На протестот, пак, во Версај, кој беше најавуван како еден од помасовните, според Франс интернасионал, се собрале само неколку десетици демонстранти.

Во Стразбур се собраа околу 100 лица, кои протестираа на мостот „Европа“, во близина на француската гранци со Германија, поради што беше предизвикан застој во сообраќајот меѓу двете земји.

Протестите на „жолтите елеци“ предизвикаа застој во сообраќајот на патиштата во југозападна Франција што водат кон границата со Шпанија.

Во пресрет на денешните, шести по ред, саботни протести на „жолтите елеци“ беа ангажирани околу 4.000 полицајци од кои над 1.200 само во Париз.

На протестите на „жолтите елеци“ минатата сабота учествуваа околу 66.000 лица, но по одлуката на претседателот на Франција, Емануел Макрон на почетокот на неделава да направи отстапки, кои вклучуваа и откажување од најавеното зголемување на таксите за горивата, протестните собири почнаа да губат на интензитет и масовност.

Инаку, билансот на жртви на протестите денеска се искачи на десет, откако утрово почина возач што вчера удри во камион поставен на обиколница блокирана од „жолтите елеци“ во близина на Перпињо.

„Жолти елеци“ протести Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.