Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо генератор на струја, Мицкоски е генератор на дезинформации

0
By Ана Василевска on July 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран БОЈАРОВСКИ

До каде е подготвен да оди за да ја оствари амбицијата „сѐ или ништо“ (од Македонија) за да дојде на власт, а земјата да ги загуби преговорите или да ги одложи на недогледно време, говорат и низата дезинформации што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги шири речиси во секој негов јавен настап за да создаде лажна слика дека неговите аргументи се реални, основани и додволно силни за да ја оправдаат неговата нихилистичка позиција.

Најголем број на дезинформации беа искажани во интервјуто на ТВ Канал 5 и во продолжение ви презентираме некои од нив.

Вели „Радев после 6 месеци ќе ви мавта со протоколот и ќе постави вето зашто нема напредок во Комисијата за историски прашања…“. Тоа не одговара на вистината. Протоколот е рамката за решавање на билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија, а билатералните прашања нема да бидат обвзувачки и да го одредуваат процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, рече неодамна високиот претставник за недворешна политика и безбедносни прашања на ЕУ Жозеп Борел.

Борел уште дополни: „Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди“.

Мицкоски шири дезинформации и кога вели дека „оваа власт ја направиле државата федерална „де факто“, иако не била и „де јуре“. Вистината е Северна Македонија ниту „де факто“, ниту „де јуре“ не е федерација. Можеби е во главата на Мицкоски, но тоа е негова перцепција која не треба да ѝ ја наметнува на јавноста.

Во серијата дезинформации во интервјуто на Мицкоски ја забележавме и оваа со која со создава погрешна слика кога вели дека „во Украина живеат огромни малцинства на соседните држави на Украина, од Унгарија и Полска да речеме, коишто немаат никакви права споредено со овие 756 Бугари во Македонија“.

Според анализата на укаринскиот закон за малцинства, односно заедници, Венецијанската Комисија на Советот на Европа, констатира дека Украина со членот 5 од законот им го гарантира на припадниците на малцинствата правото на самоидентификација, односно на само-оппределување, правото на политичко орагнизирање и учество во здруженија и асоцијации, правото на слобода на изразување и на верска определба, на користењето на јазикот на заедницата, на образование на јазик на заедницата…

Мицкоси шири дезинформации и за процентот на искористеснот на ЕУ фондовите од страна на Македонија кога вели дека изнесува 30%.

Вистината е дека Македонија е на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. Земјата учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по што се одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра.

Во втората половина на минатата година ЕУ  одобри со четири инвестициски проекти вредни 225,6 милиони евра како дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.

Само во ИПАРД 2-програмата за развој на аграрот, минатата година ЕУ за Северна Македонија даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3 беа одобрени уште 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме. Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите, вкупната вредност на програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра.

Во серијата вакви настапи се вборјува и изјавата за предметот „Феникс“ на ЈО за организиран криминал и корупција.

За Мицкоски случајот на обвинителството со кој челници на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети за перење пари бил театар, фрлање сенка на идентитетските обележја и дефокус на јавноста од криминалот на власта.

Мицкоски со ова спинување наведува на погрешно изведување заклучок од оној на обвинителството, кое, врз основа на темелна истражна постапка формирало предмет според кој осомничените обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 57.681.138 евра, соопшти обвинителството.

Потоа, при изготвувањето на спомениците во леарниците на тендер се прифатила понуда од оператор кој првенствено не ги исполнувал условите ниту пак доставил комплетни понуди, а се отфрлени сите останати понуди на тендерите. Подоцна, изработката на спомениците со поддоговори, се пренесувала на сосема други леарници, но за далеку пониски цени. Па така, на пример, ако тендерот за леење на Воинот на коњ во земјава изнесувал 4,7 милиони евра, во Италија бил излеан за 2,3 милиони евра.

Извор: Рацин.мк

дезинформации ЕУ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.