Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наодите на ГРЕКО ќе бидат земени предвид во годишниот извештај на ЕК

0
By Нова ТВ on August 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 13, 2018 16:13

Кристоф Шпекбахер, виш правен советник во ГРЕКО вели дека заклучоците од извештајот на Групата за борбата против корупцијата ќе бидат земени предвид во следниот извештај на Европската Комисија за напредокот во Македонија, и дека следниот рок за државата за исполнување на препораките е 30 јуни 2019.

– До денеска се имплементирани само шест препораки, што значи дека тринаесет сѐ уште не се. Јасно е дека ова е глобално незадоволувачки. Следниот рок за земјата да го извести ГРЕКО за напредокот е 30 јуни 2019. Тоа е помалку од 12 месеци од сега и времето бргу ќе мине, вели Шпекбахер за МИА.

Највисокиот приоритет, не само за Владата, бидејќи некои од овие реформи треба да бидат направени од самиот Парламент, е да го забрза чекорот на реформите.

Она што и недостасува на Македонија, вели тој, е “промена на однесувањето“.

– Потребна е промена на однесувањето кон законодавството. “Поранешната југословенска Република Македонија“ добива многу помош и поддршка од европските партнерски земји и европските и меѓународните организации и веќе ја покажала својата способност да етаблира добра законска рамка. Меѓутоа,  законите, регулативите и правилата за однесување ќе останат само лист хартија без ефективна имплементација. Како што ГРЕКО укажа многу останува да се направи за да се едуцираат пратениците, судиите и обвинителите за интегритет и конфликти на интереси, да се обезбеди подобра имплементација на законската рамка и да се подобри јавниот имиџ на оваа категорија функционери, и со тоа довербата на граѓаните во законодавната власт и судството, вели советникот за МИА.

Шпекбахер потсетува дека наодите на ГРЕКО ќе бидат земени предвид од страна на Европската Комисија во годишниот извештај за напредокот на земјата идната година, како што тоа веќе било случај во 2018 година.

Запрашан зошто е толку “разочарувачки“ напредокот во Македонија во борбата против корупција, советникот вели дека тоа “делумно“ се должи на долгата политичка криза во земјата, и потсетува дека Владата не е “единствено“ одговорна.

– Треба да се укаже дека препораките инволвираат бројни актери одговорни за имплементацијата на реформите, вклучително и Собранието, самостојните судски тела, Јавниот обвинител, и сето ова бара висок степен на координација, објаснува тој.

Извештајот го покрива периодот од декември 2016 до јуни 2018, објаснува Шпекбахер.

Според анкетите на јавното мислење, корупцијата, заедно со невработеноста и сиромаштијата, се најголемите проблеми со кои се соочува Македонија, вели тој.

-Многу пост-комунистички земји се соочуваат со сличен феномен. Ова не е изолиран случај кога станува збор за имплементацијата на препораките на ГРЕКО. Како и во повеќето европски земји, како што покажува Евробарометарот на Европската Комисија, Парламентот и политичките партии се на врвот на институциите со најнизок степен на доверба.

-Меѓутоа, за разлика од многу европски држави каде судството има висок степен на доверба, македонското судство има слично ниска стапка на доверба како и Парламентот и ова е доста проблематично од аспект на владеењето на правото, вели советникот за МИА.

Извештајот на ГРЕКО за напредок во борбата против корупцијата во Македонија, беше објавен минатата недела и во него беше посочено дека само шест од деветнаесет препораки се имплементирани.

Од македонската Влада, реагирајќи на заклучоците на ГРЕКО, рекоа дека целосно се посветени на спроведување на препораките, што е видливо преку спроведување на три препораки кои се однесуваат на Владата во период од само една година, за разлика од однесувањето на претходната власт која е причинител на коруптивните состојби и која за период од цели четири години (2013-2016) спровела само три препораки на ниво на сите институции во државата, се наведува во владиното соопштение.

ГРЕКО ЕК реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.