Вчерашниот напад во Марсеј кога маскирани луѓе отвориле оган од автоматски пушки „калашњиков“ и раниле едно лице, не бил терористички чин, јавуваат светските новински агенции, повикувајќи се извори во полицијата во тој француски град,

Цел на нападот била група млади луѓе во близина на културниот центар Бисерен, а напаѓачите дошле со три автомобили.

По нападот имало и престрелка со полицијата која го блокирала подрачјето.