Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачот на Шеќеринска Ангелов бара помала казна: Не ја повредив

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2018 12:25

Панче Ангелов, обвинетиот за нападот на сегашната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје, побара наместо казната од 4 години затвор за кривичното дело насилство, да му биде изречена условна казна.

-Судот неправедно ме осуди на голема казна. Не употребив сила ни спрема Заев, ниту спрема Шеќеринска. Само ја фатив за коса и ја тргнав, не ја повредив, рече тој пред Апелацискиот суд.

Тој пред судот рече дека казната ја смета за престрога. Панче Ангелов беше обвинет за кривично дело насилство и од Основниот суд Скопје 1 беше осуден на казна затвор од 4 години.

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, на денешната јавна седница рече дека бара да се одбие предлогот на обвинетиот.

Судијката при изрекувањето на неговата пресуда нагласи дека во одредувањето на висината на казната преовладуваат отежителните околности.

-Обвинетиот Ангелов призна вина и беше свесен за тоа. По неговото признание беа изведени доказите, а законот за ова кривично дело предвидува казна од 3 до 10 години затвор. Обвинетиот Ангелов судот го огласува за виновен и го осудува на затворска казна од 4 години. Судот смета дека со ваквата пресуда ќе се постигнат целите на казнувањето, како и тоа дека пресуда ќе служи за пример на останатите граѓани на Република Македонија, рече при објавување на пресудата судијката Џанета Бектовиќ.

Обвинетиот Ангелов призна вина пред првостепениот суд, рече дека се кае за стореното и побара од судијката да не оди во затвор, оти, како што кажа живеел сам и немало кој да му помогне.

По одржаната јавна седница Апелацискиот суд треба за околу еден месец да донесе одлука колкава ќе биде казната за обвинетиот за нападот на Шеќеринска.

27.април Апелација жалба јавна седница Панче Ангелов Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.