Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Направи пенал и даде гол за победа: Полсен е херој на Данска (Видео)

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 16, 2018 20:41

Уште една ВАР асистенција, промашен пенал, солидно темпо и победа на Данска донесе третиот од четирите меча на денешната програма, вкупно седми на Светското фудбалско првенство во Русија. Трите бода за скандинавската селекција ги осигура Полсен во 59 минута.

Перуанците подобро влегоа во натпреварот во Саранск и уште од почеток демонстрираа силна желба за докажување на мундијалската сцена на која апсинираа цели 36 години. Поголем дел од времето го минаа на противничката половина, се обидуваа да пробијат со нафрлувања од страничните позиции, низ средината, со удари од дистанца, но зицерот го имаа на минута пред одморот. Куева изнуди пенал што беше досуден по прегледување на спорниот момент и наместо реализација шутираше катастрофално и високо над голот.

https://www.youtube.com/watch?v=ApNsCggY3Ls

Второто полувреме го донесе и единствениот момент што на крајот се покажа како клучен за победникот. Кристијан Ериксен поведе данска контра, го проигра Полсен кој со прецизен и одмерен удар го сиовлада Галјезе. Перу во продолжението имаше прилики за израмнување меѓутоа голот на Шмајхел како да беше маѓепсан за тимот на Рикардо Гарека. Ништо поефектни не беа ниту Данците во обид за втор гол и потврда на триумфот, па резултатот од 59. минута остана актуелен и по последниот свиреж на главниот судија Бакари Гасама од Гамбија.

Во воведниот меч од групата Ц, Франција, потешко од очекувањата, ја совлада Австралија со 2:1.

Перу – Данска 0:1 (0:0)

Стадион: „Мордовија арена“ во Саранск. Гледачи: Гл. судија: Бакари Гасама (Гамбија). Асистенти: Жан Клод Бирамушаху (Бурунди) и Абделхак Ечиали (Алжир). Ж. картони: Тапија (Перу) – Дилејни, Полсен (Данска). Стрелец: Полсен 59’ за Данска.

Перу (формација 4-2-3-1): Галјезе – Адвинкула, Родригез, Рамос, Трауко – Тапија (Акино 87’), Јотун – Карилјо, Куева, Флорес (Гереро 62’) – Фарфан (Руидијаз 85’). Селектор: Рикардо Гарека.

Данска (формација 4-3-3): Шмајхер – Стригер, Кристенсен (Занка 81’), Кјаер, Далсгард – Дилејни, Ериксен, Квист (Шоне 35’) – Систо (Брејтвајт 67’), Н. Јоргенсен, Полсен. Селектор: Аге Хареиде.

Данска Перу СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.