Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наредната недела Мартовски Самит на ЕУ на теми: Конкурентност, Украина и европската одбрана

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 20, 2025 21:03

Конкурентноста на ЕУ, последните настани поврзани со Украина и следните чекори во напорите за зајакнување на европската одбрана, ќе бидат главни теми на мартовскиот редовен Самит на Унијата, што започнува денеска во Брисел. 

Брисел: Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат и за следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на блокот за по 2027 година, за најновиот развој на настаните на Блискиот Исток и прашања поврзани со миграцијата.

На денешниот работен ручек на Самитот поканет е и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кого европските лидери ќе разговараат за мултилатерализмот и други глобални прашања, како и за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот.

Во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека континуираната поддршка за Украина, потребата да се инвестира во европската одбрана и конкурентноста на блокот се тесно поврзани прашања.

– Поконкурентна Унија ќе значи посилна Унија, која ќе биде поспособна да ги заштити своите граѓани, своите интереси и своите вредности на глобалната сцена, посочи Кошта.

Во најавата за Самитот се посочува дека во услови кога е соочена со повеќе сложени предизвици, ЕУ треба да ја зајакне своите конкурентност, стратешка автономија и прилагодливост, со цел „Европа да остане просперитетна и да го одржи своето глобално лидерство“.

– Во светлината на претходните заклучоци, вклучително и оние од април 2024 година, Декларацијата од Будимпешта за нов договор за конкурентност и неодамнешните предлози на Комисијата за Компасот за конкурентност, Договорот за чиста индустрија и Пакет-мерките за поедноставување, дебатата на лидерите за конкурентноста ќе се фокусира на три приоритетни области: поедноставувањето, енергијата и Унијата за штедење и инвестиции, се додава во најавата.

Во тој контекст предвидено е на Самитот да се разговара за индустриските иновации, обновата, декарбонизација, обуката и задржувањето на стручно оспособените кадри и поддршката на автомобилската, челичната и металската индустрија.

Во однос на Украина, Кошта во поканата посочи дека најдобрата безбедносна гаранција што ЕУ може да и ја даде на земјата е преку зајакнување на нејзините капацитети за самоодбрана, како и преку изградбата на кредибилна и робусна „Европа на одбраната“.

– За да се постигне мир преку сила, Украина мора да биде во најсилна можна позиција пред, за време и по преговорите за ставање крај на војната. Во овој контекст, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за неодамнешните случувања, се наведува во најавата за Самитот.

Во врска со напорите за отпочнување преговори за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир, како што се додава во најавата, ЕУ ја поздравува заедничката изјава на Украина и САД, вклучувајќи ги и предлозите за договор за прекин на огнот, хуманитарните напори и продолжувањето на размената на информации од страна на американското разузнавање и на пружањето безбедносна помош.

– ЕУ е подготвена да ја одигра својата целосна улога во поддршката на претстојните чекори, заедно со Украина, САД и другите партнери, се додава во најавата.

Во тој контекст лидерите ќе ја продолжат расправата започната на специјалниот Европски совет на 3 март, на кој се разговараше за поддршката на Украина и за потребата од забрзување на напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност на ЕУ за справување со непосредните и идните предизвици.

На последниот состанок на Европскиот совет, лидерите повикаа на побрзо поедноставување на потребните процедури и мобилизирање дополнителни финансии за одбраната и одбранбената индустрија, при што ако приоритетни области за дејствување ниво на ЕУ и во целосна соработка со НАТО, ги наведоа обезбедувањето на противвоздушна и противракетна одбрана, артилериски системи, проектили и муниција, беспилотни летала и системи за справување со дронови, воената мобилност, вештачката интелигенција и кибер и електронското војување.

Се очекува лидерите да разговараат и за следните чекори по вчерашната презентацијата на Белата книга за европската одбрана „Подготвеност 2030“ од страна на Европската комисија и неодамна промовираниот План „Ревооружување на Европа“.

Предвидено е лидерите да ја имаат и првата размена на мислења за следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (ММФ) и за начините за обезбедување средства за финансирање на расходите на ЕУ.

– Во тој поглед, лидерите ќе се осврнат на главната финансиска равенка за следниот МФФ и начините како да се осигура дека буџетот ги има потребните ресурси, со кои ЕУ ќе ги постигне своите цели, се најавува во најавата.

Во овој дел од Самитот на лидерите ќе им се придружат и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард и претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју. За прашањата поврзани со МФФ ќе се разговара и за време на работната вечера.

Лидерите на ЕУ ќе се осврнат на ситуацијата и најновите случувања на Блискиот Исток, особено во Газа, поврзано со спроведувањето на Договорот за прекин на огнот и ослободување заложници, како и на состојбата во Сирија.

– ЕУ е длабоко вознемирена од драматичната воена ескалација на Блискиот Исток и ризикот што таа го претставува за целиот регион. ЕУ е целосно посветена да помогне за деескалација на ситуацијата и за намалување на тензиите, да продолжи да обезбедува помош заснована на потребите на луѓето во регионот, особено на најранливите и да го зголеми својот хуманитарен ангажман, се додава во најавата.

На Самитот е предвидено да се разговара и за миграцијата, која, како што се наведува, останува клучен приоритет за Европскиот совет, како и за конкретни прашања од надворешната политика.

– Ќе настојувам да ја завршиме нашата средба во еден ден, но со оглед на неизвесноста околу можните меѓународни случувања, не можам да ја исклучам можноста дека можеби ќе треба да продолжиме и в петок, наведе Кошта во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на мартовскиот редовен Европски совет следната недела.

 

Брисел ЕУ мартовски Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.