Во Полициската станица во Кавадарци вчера 54 -годишна кавадарчанка пријавила дека околу 9 часот  во нејзината канцеларија во основно училиште била физички нападната од 53-годишник, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.