Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наставник доби отказ од работа заради учество во Шарената револуција

0
By Менче Атанасова Точи on February 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отказ од работа доби Владо Димовски, наставник по македонски јазик и граѓански активист, учесник во Шарената револуција и Наставничкиот пленум. Димовски кој отказот го добил без образложение од директорот во  ОУ„Алија Авдовиќ“ во село Батинци, општина Студеничани, за НОВА тврди дека сето ова е поради неговите активности во Шарената револуција и Наставничкиот пленум.

„Отказното решение го добив на 31 јануари, без никакво образложение и тоа веднаш по гостувањето на една телевизија каде зборував за проблемите во образованието. Директорот одбегнуваше да ме прими, а исто и градоначалникот на Студеничани каде што побарав прием. На сето ова претходеше намалување на бројот на часовите во ноември минатата година“, изјави во интервју за НОВА, Димовски.

Во изминатиот период тој отворено говореше за неквалитетното образование и ниското ниво на квалитет на наставничкиот кадар особено на тие што работат со завршено средно образование и најчесто се вработувани по партиска линија.

„Не сум бил послушник, не требало да говорам јавно. Но, јас реков и пак ќе речам секогаш ќе се залагам за квалитетно образование во она што најдобро го знам и ќе бидам борец, образованието во Македонија да го добие своето место“, изјави Димовски.

Во 2015 та година напиша отворено писмо до министерот за образование каде што го критикуваше екстерното тестирање, лошите услови во училиштата, неквалитетните компјутери, лошите учебници, проблемот со греењето. Целиот разговор со Димовски може да го гледате во недела во 16 часот во емисијата ПРОЦЕС.

 

#Шарена револуција наставник образование протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.