Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина, вели шефот на Алијансата Столтенберг

0
By Соња Крамарска on November 25, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО нема да ја намали поддршката за Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција.

„Повеќето војни завршуваат со преговори“, рече Столтенберг, говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој ќе се одржи во Букурешт, Романија, на крајот на ноември.

„Но, она што се случува на преговарачката маса зависи од тоа што се случува на бојното поле. Затоа, најдобриот начин да се зголемат шансите за мирно решение е да се поддржи Украина“, додаде тој.

„Значи, НАТО ќе продолжи да стои со Украина онолку долго колку што е потребно. Нема да отстапиме“, изјави Столтенберг.

Столтенберг рече дека министрите за надворешни работи даваат „невидена воена поддршка“ и тој очекува дека на состанокот во Букурешт ќе се согласат да ја засилат.

Според Столтенберг, НАТО испорачува гориво, медицински материјали, зимска опрема и детектори на дронови.

Столтенберг им се заблагодари на сојузниците за нивниот придонес и рече дека ќе повика на понатамошен придонес на состанокот во Букурешт за да и помогнат на Украина да премине од опрема од советската ера на онаа со современи стандарди на НАТО, како и да ја поддржат воената обука.

Тој рече дека одлуките за испраќање системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ произведени во САД во Украина се „национални одлуки” на одредени нации, кога беше прашан за барањето на Варшава Германија да испрати единици „Патриот“ во Украина, а не во Полска. Понудата на Германија до Полска дојде по смртоносниот ракетен напад на полска територија во близина на украинската граница на 15 ноември.

Столтенберг рече дека во минатото со напредниот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС, обуката се спроведувала во земјите сојузници на НАТО од персонал на НАТО. Сепак, ниту еден персонал на НАТО не ја врши обуката во Украина, бидејќи тоа би значело дека НАТО е страна во руско-украинскиот конфликт.

Извор: Си-Ен-Ен

 

Јенс Столтенберг НАТО поддршка Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.