НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национализмот и едноумието затскриени зад патриотската наметка

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДЕХРАН МУРАТОВ

Национализмот, едноумието и криминалот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, невешто се обидува да ги затскрие зад патриотската наметка. Всушност, тој дефокусира дека случајот „Феникс“ во кој меѓу осомничените за злоупотреба на службената положба и перење пари за проектот „Скопје 2014“ се експремиерот, бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, поранешните министри Зоран Ставревски и Елизабета Канческа-Милевска, екс-градоначалниците на Општина Центар, Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, екс-претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев… е обичен „театар пред јавноста“ и дека со фрлањето сенка на идентитетските обележја, се негира македонскиот идентитет.

„Продолжува да се негира македонскиот идентитет зашто така се фрла сенка на идентитетските обележја, односно тие споменици кои имаат за цел да прикажат историски континуитет на битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет.

Можеби е добро со камерите, (новинарите), да појдете до споменикот во Слупчане и таму да прашате кој ја дал дозволата за градба, кој и како го финансирал… Или може сакате да одиме до Зајас, до Колари, или сакате до уште неколку места да ве однесам во Македонија каде што има такви нелегални градби…“, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, толку ниско игра со чувствата на Македонците што криминалот на членовите на неговата партија се обидува да го претстави како патриотски чин. Крадењето пари на граѓаните никаде во светот не се смета за патриотизам. Напротив, се смета за предавство.

Од ДУИ на идентичен јазик возвратија на прозивката на Мицкоски, и му порачаа наместо секој ден да потонува во анти-албански и анти-европски сентимент, да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, и наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. И наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на коктелот организиран за изборот на новиот состав на чаирскиот огранок, повторно истакнал дека партијата е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата, но дека ДУИ не се урива така лесно, бидејќи е структура која е родена од УЧК и крвта на мачениците.

„ДУИ никогаш досега не била соборена, затоа што нашата партија не е родена во политички салони или телевизиски студија, туку е создадена од УЧК и од крвта на хероите“, рече Ахмети.

Додека и едните и другите се натпреваруваа(т) кој ќе изгради поголем споменик, во име на патриотизмот и јакнење на национализмот, граѓаните се во потрага по подобар животен стандард.

Билдање национализам преку страв од „косовизација“

Партијата Левица, предводена од лидерот и пратеник Димитар Апасиев, откако постои во политичката сцена „се прослави“ со ширење национализам и заплашување на граѓаните од некаква си „косовизација“.

„Косовизацијата продолжува… СДС од Македонија направи подкосовска провинција! СДС – имате ли бе два грама мозок, маму ви ибам одродено! За ден повеќе на власт ја продавате Републиката градена со генерации – со многу крв, пот и солзи. ЌеВиситеЗаедно. ВриеМакедонец“, пишува меѓудругото лидерот на Левица.

И прaтеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки билдаше патриотизам преку ширење невистини за наводно нелегално присуство на полициските службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец пришто загинаа три лица, во месец јуни.

„Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“, објави Ковачки, обидувајќи се да добие ситни политички поени и од трагедијата.

Од МВР изјавија дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаат со косовската полиција, пристигна екипа со опрема од косовската полиција која постојано работеше со македонските полициски службеници во потрага по косовските граѓани.

„Неверојатно е како некој може дури и ваква трагедија да ја употреби за политиканство и вознемирување на граѓаните“, изјавија тогаш од МВР.

Зарем уште некој се пали на тој спин дека Македонија ќе се косоваризира?

Што всушност се криеше под мантијата на МПЦ-ОА на протестот против законот за родова еднаквост?

Таканаречениот „сенароден собир против законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција“ што МПЦ-ОА го организираше на 29 јуни, всушност беше „еднонароден“ собир. Иако, протестот на МПЦ-ОА декларативно доби подршка од сите верски заедници во Македонија, сепак на тој „сенароден“ протест не се појавија членовите на ИВЗ, на ниту една политичка партија на Албанците, ниту на другите етнички заедници, (со чест на исклучоци). Туку, таму беа собрани само „крстоносци“, „русофили или путинољупци“, (ултра) десничарски партии и националисти. Црковен собир со проруски љубители на селфи.

На тој „сенароден протест“ се појавија и пратеници, членови и лидери на политички партии кои во нивните изјави и објави на социјалните мрежи ширеа пропаганда дека „Македонците треба да опстојат, за да постојат“. Односно, наративот од тој протест всушност беше дека по секоја цена треба да се зачува македонскиот идентитет и православието. А, од кого да се зачува?

По протестот, некако тивко помина изјавата на претседателот Стево Пендаровски, во која истакна дека луѓе од Синодот на МПЦ соработуваат со руските служби.

Инаку, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестираше – за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.

Извор: Цивил Медиа

МПЦ- ОА национализам Скопје 2014 Случај „Феникс“ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.