Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националните прашања се дискутираат во земјата а не кај соседите

0
By Нова ТВ on February 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 3, 2017 15:52

Изјавите на албанскиот премиер Еди Рама продолжуваат да предизвикуваат реакции во Македонија но дојде изјава и од Европскиот парламент.

Македонското министерство за надворешни работи реагираше на вчерашната изјава Рама кој рече дека Македонија треба да го смени својот став кон Албанците што живеат таму, бидејќи Албанците не се малцинство туку државотворен фактор за опстанокот на Македонија.

Но реакцијата се однесува и на скорешните изјави за внатрешната ситуација во Македонија или спорот со Грција.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното. А грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот ги обвини македонските власти за иредентизам и наведе дека со таков став не може да се најде решение за спорот за името.

„Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој сè се вмешува и со каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за државата. Македонија останува посветена на своите цели и принципи. Практиката ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европското интегрирање на земјата. Само суверена, ефектива и ефикасна Македонија може да придонесе во проектот што е масовно поддржан од нашите граѓани“, велат од МНР.

Словачкиот европски пратеник Едвард Кукан од редовите на демохристијаните влезе во дебатата откако беше објавено на некои медиуми во Македонија дека тој силно ја осудува платформата на албанските партии направена кај Рама во Тирана.

За НОВА тој изјави дека нема ништо против албанската платформа и дека никој од надвор не треба да ја коментира оваа платформа која е работа на македонската политика. Кукан вели дека тој никогаш не рекол ни збор за албанската платформа.

“Добро е да се има заедничка позиција на албанските партии кога се влегува во преговори за влада”, вели тој.

Но, Кукан смета дека во македонската политика не треба да се меша албанскиот премиер Еди Рама. Според него, националните прашања треба да се дискутираат во земјата а не кај соседите.

албанска платформа Едвард Кукан Еди Рама МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.