Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците предупредуваат: Ураганите стануваат толку силни што ќе треба да се воведе нова категорија „мега-урагани“

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2024 10:36

Научниците во ново истражување наведуваат дека поради климатските промени, ураганите станале толку силни што треба да се воведе нова категорија на сила од 6 (претходната скала има категории од 1 до 5) за таканаречените „мега-урагани“.

Во текот на изминатата деценија, забележани се пет бури кои би можеле да се вклучат во новата категорија. „Мега-урагани“ се бури со постојан ветер од 308 km/h или повеќе. – 308 km/h – тоа е веројатно побрзо од повеќето возила на Ферари, што е тешко да се замисли. Не би било добро да се биде сред ураган со таква јачина, вели Мајкл Венер од Националната лабораторија Лоренс Беркли во САД, пренесува Гардијан.

Во истражувањето, научниците предложија продолжување на скалата на ураганите Сафир-Симпсон, која беше развиена во раните 1970-ти од страна на инженерот Херберт Сафир и метеорологот Роберт Симпсон. Според сегашните категории на оваа скала, секој ураган со одржлива максимална брзина на ветер од 119 km/h или повеќе спаѓа во категоријата 1.

Како што се зголемува брзината на ветерот и се зголемува опасноста по имотот и животот, се зголемува и нивото на категоријата. Ураганите со постојан ветер од 252 km/h или повеќе припаѓаат на највисоката категорија 5. Бурите од оваа категорија предизвикаа огромни штети во последните години; како ураганот Катрина кој го опустоши Њу Орлеанс во 2005 година и разорниот ураган Марија во Порторико во 2017 година. Сепак, научниците наведуваат дека поради климатските промени има уште поекстремни бури кои би требало да имаат своја категорија. Примерите го вклучуваат тајфунот Хаијан, кој уби повеќе од 6.000 луѓе на Филипините во 2013 година и ураганот Патриција, кој достигна максимална брзина од 346 км/ч кога се формираше во близина на Мексико во 2015 година.

– Бурите веќе станаа поинтензивни и тоа ќе продолжи и во иднина…Досега ги немаше ниту во Атлантскиот Океан или во Мексиканскиот Залив. Но, тоа е само чиста среќа бидејќи таму има услови да се формира ураган од 6-та категорија. Јас се надевам дека тоа нема да се случи, но ништо не е сигурно. Бурите веќе станаа поинтензивни и ќе продолжат да го прават тоа, потенцира Венер.

Иако вкупниот број на урагани не се зголемува поради климатските промени, нивниот интензитет е значително зголемен. Прегреаните океани и потопла, повлажна атмосфера им даваат дополнителна енергија на бурите. – Нашата главна цел е да ја подигнеме свеста дека климатските промени влијаат на најсилните бури, вели Венер.

Истражувањето, насловено како Растечката несоодветност на скалата на отворениот урагански ветер Сафир-Симпсон во светот што се загрева (The growing inadequacy of an open-ended Saffir–Simpson hurricane wind scale in a warming world) беше објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

климатски промени мега-урагани научници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.