Голден Стејт е на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата. „Вориорси“ ноќеска го совладаа Сан Антонио со 120:108 за убедливо водство со 3:0 во финалната серија во Западната конференција.
Кевин Дурант беше лидер во победничката екипа со дабл-дабл ефект (33 поени, 10 скока, 4 асистенции), Стеф Кари го следеше со 21 кош колку што постигна и Ману Џинобили за „спарси“ кои повторно беа без повредениот Каваи Ленард.
Сан Антониот ќе има прилика да избегне „метла“ во финалето на Запад во ноќта меѓу понеделник и вторник кога е закажан четвртиот натпревар во серијата.