Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа осмата победа во сезоната во НБА лигата во која имаат и десет порази. „Езерџиите“, во единствениот меч на програмата во американската професионална кошаркарска лига ноќеска, го совладаа Чикаго со 103:94. До триумфот стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако „булси“ го решија воведното со 14 поени разлика.

Решавачки за крајниот исход се покажа третиот период што домашните го добија со 30:19 и во последните 12 минути влегоа за само три коша минус. Чикаго попушти во играта во одбрана, во завршната четвртина беше запрен, исто така, на 19 коша пришто и во неа прими преку 30 коша и на крај беше неизбежен 12 пораз во сезоната.

Лидер во екипата на Л.А. Лејкерс беше Кајл Кузма со 22 поена, пет повеќе од Дензел Валентајн, најефикасен во поразениот состав.