Шефовите на држави кои учествуваат на Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, а не се вакцинирани, ќе мора да се задоволат со парче пица на улица. Така мина и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој не можеше да влезе во ниту еден ресторан оти нема примено ниту една доза од вакцината против ковид-19.
Болсонаро, десничарски популист, изрази сомнеж во вакцините и пред поаѓање за Њујорк порача дека неговиот имунитет е доволно силен да се одбрани од коронавирусот.
Министрите од бразилската Влада објавија фотографија на која се гледа како Болсонаро и соработниците јадат пица на улица во Њујорк. Неговите фанови ја пофалија „скромноста и едноставноста“ на Болсонаро. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио апелираше до светските лидери да се вакцинираат пред поаѓање кон Њујорк на седница на Генералното Собрание на ОН.
Ако не сакате да се вакцинирате, немојте ниту да доаѓате“ порача градоначалникот Де Бласио, пренесува „Гласот на Америка“.
Претседавачот со Генералното Собрание на ОН, Абула Шахид рече дека за претседателите, за премиерите и за дипломатите од 193 држави во светот важи посебен систем, односно дека не се обврзани да покажат доказ за имунизација.
Поединци не отпатуваа во Њујорк и пред Генералното Собрание на ОН ќе имаат видео обраќање.
Генералното Собрание на ОН започна денеска со воведен говор на Жаир Болсонаро.