Иако имаше најави за можно преземање на Интер, Андре Вилјаш Боаш, сепак, си најде ангажман надвор од Европа. Португалецот доби понуда од Кина на која не можеше да каже „не“.

Вилјаш Боаш е нов тренер на Шангај СИПГ за годишна заработувачка од 12 милиони евра што го прави трет најплатен меѓу колегите. Поголема плата од него во моментот имаат Пеп Гвардила во Манчестер сити (21,5 милиони евра) и Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед (15 милиони евра).

Тој во мај доби отказ во Зенит, клуб што го предводеше до трофејот во Лига Европа, со Порто стана прва на Португалија, а во кариерата беше тренер и на Академика, Челзи и Тотенхем.