Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не победи Мерцедес ама не победи ниту Ферари: Австриското Ф1 гранпри за Макс Ферстапен

0
By Нова ТВ on June 30, 2019 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 30, 2019 20:59

Требаше да минат девет трки во Формула 1 шампионатот во оваа сезона за јавноста да добие победник што не е во болид на Мерцедес. Во случајот не е ниту од Ферари чии фанови остануваат да почекаат некоја наредна прилика за славје. Макс Ферстапен ја прекина доминацијата на Луис Хамилтон и на Валтери Ботас на победничките подиуми во „летечкиот циркус“ во 2019 година. Холандскиот пилот на Ред Бул Хонда победи во трката за ГН на Австрија, но иако имаше најбрзо време и мина прв низ целта, сепак, мораше да ја одложи прославата поради жалбата за инцидентот со Шарл Леклер.

Ферари веднаш реагираше по загубената трка. Ферстапен го нападна Шарл Леклер во 68. круг, а возачот од Монако успеа да се одржи на чело на колоната. Но, Холанѓанецот беше упорен, па еден круг подоцна повторно се обиде да го преземе водството во трката. И успеа. Обајцата возеа еден крај друг, црвениот болид за кратко излета од патеката по благиот контакт, а Ред Бул го искористи моментот и поведе.

По тричасовни проверки на ситуацијата е донесен заклучок дека нема вина ниту кај Ферстапен ниту кај Леклер и инцидентот е оценет како „тркачки“ за кој нема потреба да се преземаат мерки. Со тоа стана и дефинитивна победата на Холанѓанецот на „Ред Бул Ринг“, негова втора во низа за ГН на Австрија, вкупно шеста во кариерата и прва во 2019 година.

Второто место го освои Леклер, трет е Финецот Валтери Ботас. Зад нив се пласираа Себастијан Фетел и бранителот на титулата, Луис Хамилтон кој останува лидер во генералниот пласман со 197 бода, 31 повеќе од финскиот колега. Следува двонеделан пауза во Формула 1 шампионатот во која наредна станица е Силверстон и ГН на Велика британија (12 – 14 јули).

Резултати од трката за ГН на Австрија

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул Хонда) 1:22:01.822 часа

Шарл Леклер (Монако/Ферари) + 2.724 сек.

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) + 18.960 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) + 19.610 сек.

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) + 22.805 сек.

Ландо Норис (В. Британија/Мекларен Рено) + 1 круг

Пјер Гасли (Франција/Ред Бул Хонда) + 1 круг

Карлос Сајнц (Шпанија/Мекларен Рено) + 1 круг

Кими Раиконен (Финска/Алфа Ромео) + 1 круг

Антонио Џовинаци (Италија/Алфа Ромео) + 1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон (В. Британија) 197 бода

Валтери Ботас (Финска) 166

Макс Ферстапен (Холандија) 126

Себастијан Фетел (Германија) 123

Шарл Леклер (Монако) 105

Пјер Гасли (Франција) 43

Карлос Сајнц (Шпанија) 30

Ландо Норис (В. Британија) 22

Кими Раиконен (Финска) 21

Даниел Рикардо (Австралија) 16, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 363 бода

Ферари 228

Ред Бул Хонда 169

Мекларен Рено 52

Рено 32

Алфа Ромео 22

Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес 19

Скудерија Торо Росо 17

Хас 16

Вилијамс Мерцедес 0.

ГН ан Австрија Макс Ферстапен Мерцедес Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.