Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не сме ниту мирни, ниту невидливи, нашето постоење е отпор – пораки од Парадата на гордоста

0
By Zoran Ivanov on June 22, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 22, 2025 11:30

Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“, која оваа година беше фокусирана на колективното застапување на човековите права и правата на ЛГБТИ+ заедницата.

Годинава имаше само протестен марш, без традиционална прослава. Организаторите истакнаа дека одлуката за протест е одговор на зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и запоставувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата.

Додека светот гори од војни и климатски колапс, а државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност, ние ЛГБТИ+ луѓето одбиваме да учествуваме во тоа. Ниту сме тивки, ниту виновни, нашето постоење е доказ дека постојат други начини на соживот и отпор. Не нудиме бегство тук уалтернатива. Се што не се базира на експлоатација, страв и контрола, туку радиканла грижа, солидарност и колективно ослободување, кажа една од учесничките на протестот.

На бината се обрати и мајка на ЛГБТИ+ дете, обраќајки се до министерката за образование Весна Јаневска.

Не можете да ги тргнете ЛГБТИ+ децата во ресурсни центри како што ги отстранувате децата со попреченост, па ги препуштивте на сулеџиството од соучениците и наставниците. Директорот на училиштето во кое учи моето трансродовото дете, јавно се радуваше на трансфобните политки на Трамп. Кога ќерка ми го искритикува за изјавите, наместо да сноси одговорност, вашите политики му овозможија да покажува надмоќ. Ме загрижува светот кој го кроите кога сметате дека филозофијата, етиката и логиката се непотребни. Ниту едно дете не заслужува иднина во која критичката мисла и епматијата се неприфатливи, а омразата и слепата послушност идеал, изјави таа.

Маршот започна во Паркот „Жена борец“, а потоа учесниците се упатија кон Собранието, а потоа и пред Министерството за образование и наука и Владата, барајќи поголема поддршка и заштита од страна на институциите.

На протестот можеа да се забележат и транспарентни против насилството врз палестинскиот народ, а присутните побараа и правда за трагедијата во Кочани.

 

гордоста парада Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.