Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема нови рестрикции: Кризниот штаб на Србија се откажа од воведување на построги мерки

0
By Sashko on October 5, 2021 РЕГИОН
Фото: rtv.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската премиерка Ана Брнабиќ по седницата на Кризниот штаб за коронавирус изјави дека земјата ќе продолжи со постојните мерки, иако медицинскиот дел побарал усвојување на „многу порестриктивни мерки“, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека на состанокот се разговарало долго време и дека таа верува дека нови мерки би довеле до „сигурно побрзо намалување на бројот на заразени лица, но исто така ќе доведат и до стагнација на имунизацијата“.

И покрај тоа што јасно застанавме до барањето на медицинскиот дел, сепак решивме да продолжиме со постојните мерки, покрај потребата за вакцинација, која е единствен остварлив одговор на оваа пандемија, изјави таа.

Зборувајќи за епидемиолошката состојба во Србија, Брнабиќ кажа дека „бројките се нешто подобри вчера и денес, иако се толку големи што тоа не изгледа така“.

Вчерашниот ден беше со 30,9 отсто позитивни. Се чини дека тоа стагнира и полека паѓа. Исто така, позитивно во сето ова негативно е што се намалува разликата помеѓу бројот на хоспитализирани и отпуштени, денес таа разлика беше само 100. Се чини дека работата се стабилизира, изјави српската премиерка.

Како што кажа, во Србија до 30-годишна возраст има 22,7 отсто вакцинирани, што е многу лошо. Таа посочи дека медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал да се донесат многу порестриктивни мерки.

Медицинскиот дел бараше да воведеме најмалку 10 дена забрана за собирање на повеќе од пет лица, затворање на се од 17 часот, освен за објектите неопходни за секојдневно снабдување, и ако тоа резултира со намалување на бројот на заразени, тогаш да се пристапи кон користење на ковид пропусници, кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека тие зборувале долго за тоа и дека верува дека овие мерки би „довеле до побрзо намалување на бројот на заразени лица, но исто така би довеле и до продолжување на имунизацијата.

„Јас молам и апелирам до сите да се вакцинираат. Оние кои не се, што е можно поскоро да се имунизираат и оние на кои им минале 180 дена од ревакцинацијата да ја добијат третата доза што е можно поскоро, изјави Брнабиќ.

Ана Брнабиќ Ковид-19 Кризен штаб мерки регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.