Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема одлука по барањето на Шпанија за екстрадиција: Италијанскиот суд привремено го ослободи Пуџдемон

0
By Sashko on October 4, 2021 СВЕТ
Фото: sport.es
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот суд денеска не донесе одлука по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон и му дозволи да патува. Пуџдемон го напушти судот на италијанскиот остров Сардинија, во придружба на адвокат, се ракуваше и ги прегрна своите поддржувачи, изјавувајќи дека е „многу среќен“.

Неговиот адвокат Агостиноанџело Марас истакна дека судот во врска со одлуката за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, која го товари за бунт, ја чека одлуката на европските судови за две прашања. Тој изјави дека во меѓувреме Пуџдемон може да патува секаде.

Тој е апсолутно слободен. Судот ќе закаже ново рочиште кога европските судови ќе одлучат за две прашања. Едно е имунитетот на претседателот Пуџдемон, другото е легитимитетот на шпанскиот суд да издаде налог за апсење, изјави адвокатот Марас.

Пуџдемон поднесе жалба против укинување на имунитетот на пратеник во Европскиот парламент, чиј член е сè уште. Тој беше уапсен на 23 септември на Сардинија, каде што пристигна од Белгија за да присуствува на Каталонскиот културен фестивал, на покана на сепаратистичкото движење на тој италијански остров.

Ден подоцна, тој беше ослободен од судот, но до денеска не му беше дозволено да го напушти островот.

Во октомври 2007 година, Пуџдемон побегна од Шпанија во Белгија со неколку свои соработници, со цел да избегне апсење поради обидот за отцепување на Каталонија, односно организирање на нелегален референдум за независност.

Деветмина каталонски сепаратисти беа осудени на затворски казни од девет до 13 години за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, но во јули оваа година беа помилувани.

Италија Карлес Пуџдемон Свет Суд Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.