Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема трета среќа за Македонија: Европската одбојкарска лига за Украина

0
By Нова ТВ on July 2, 2017 СПОРТ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската одбојкарска репрезентација ниту во третиот обид не успеа до злато во Европската лига. Шампионскиот пехар до наредното издание ќе престојува во Украина чија селекција во финалето во Гентофте, Данска, ги совлада „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13). Третото место на завршниот турнир го освои Шведска која во меч за бронзениот медал ја порази Данска со 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21).

Поразот во финалето беше прв за Македонија во годинашното издание на натпреварувањето. Двата турнира во групната фаза ги заврши со максимален ефект. Шесте победи, по три во Скопје и во Тирана, го правеа националниот тим фаворит и на Фајналфор турнирот, особено по триумфот со пресврт во полуфиналето против Данска. Но, Украинците беа на ниво кога најмалку им одговараше на избраниците на Драгутин Балтиќ.

Фото: cev.lu

Воедно ова беше трет пораз на „црвено-жолтите“ во мечевите за титулата во Европската лига во четвртото учество на завршните турнири. Во 2014 година мораа да се задоволат со бронза, откако Црна Гора го доби двомечот со златен сет со 15:10 (двете репрезентации забележаа идентични победи по 3:1 на домашен терен). Наредната сезона во финалето на Фајналфорот во Валбжих, Полска, загубија од Словенија со 0:3 (по сетови: 21:25, 20:25, 17:25), а лани во Варна беа поразени и од Естонија со 0:3 (по сетови: 19:25, 13:25, 23:25).

Европска лига 2017

Финале

Украина – Македонија 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13)

За 3. место

Шведска – Данска 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21)

Европска лига Македонија Одбојка Украина Фајналфор финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.