Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немаме средства за изградба на градинки, продолжуваме наредната година, вели Јакимовски

0
By НОВА ТВ Terziova on May 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска уште еднаш посочи дека ќе се спроведе одлуката за испишување на децата што не се жители на Карпош од градинките на 10 јуни и потсети дека нивните родители уште во декември биле известени за таквиот потег.

Ние можевме веднаш да донесеме одлука и уште на 1 декември да се ускрати гостопримството на тие дечиња, но сакавме да бидеме фер. Меѓутоа, бевме фер на штета на нашите најмлади жители на општина Карпош и на штета на нашите сограѓани – рече Јакимовски и додаде дека на 10 мај, еден месец однапред повторно ги информирале родителите.

Тој како пример за состојбата со градинките во општината ја посочи градинката во Влае каде се запишани 75 деца од други општини, а притоа жители коишто живеат на две улици или на 300 метра од градинката не можат да го запишат таму своето дете. Тоа, според него кажува, дека се неодговорни како раководство ако нешто не се преземе, затоа што тој е избран од граѓаните на Карпош за да ги решава нивните проблеми.

„Значи ние се одлучивме на ваков чекор како крајна нужда, затоа што во исто време имаме намален број на воспитен кадар. Тоа значи дека товарот дополнително паѓа на постоечкиот персонал, па како резултат на тоа тие се преморени, одат на боледувања, па доаѓаме во ситуација техничкиот персонал, луѓето од сметководството, па дури и директорите да ги згрижуваат децата. Имавме случај во една градинка со моето доаѓање да констатирам дека децата се згрижени во ходник, тоа било нивна занимална, нивна спална. Потоа тие деца се сместени во друг дел. Тоа се причините зошто инсистираме градоначалниците од другите општини да си побараат решение за дечињата во нивните градинки“ – вели Јакимовски.

Тој посочи дека Општината годинава нема доволно средства за да се изградат нови градинки, но, како што најави, веќе наредната година ќе се започне со изградба на првите две нови градинки во Карпош.

Јакимовски карпош Македонија Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.