Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 АНАЛИЗА, ИЗБОР, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2025 14:41

Во време на сериозни геополитички турбуленции и безбедносни ризици, ова прашање добива уште поголема тежина. Ако сме сведоци на тивко повлекување од евроинтегративниот пат – исто така алармантен процес за кој нема објаснување од политичката елита – тогаш барем треба да се обезбеди стабилноста на она што веќе сме го постигнале: членството во НАТО.

Џабир Дерала 

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека оваа одбранбена иницијатива во рамките на НАТО „е отворена за други земји“.

Декларацијата што ја потпишаа овие три земји од регионот предизвика крајно нервозна реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во ова гледа провокација и „отворена трка во вооружување“. Се пожали дека со тоа се крши Субрегионалниот договор од 1996 година (член 4 од Дејтонскиот договор) за контрола на вооружувањето. Понатаму, тој се бунтува што Белград не е консултиран за формирање на „воен сојуз“.

Логиката – ако воопшто постои – во реакцијата на српскиот автократ е препознатлива. Неговата реторика е идентична на онаа што со децении ја слушаме од Кремљ. Земја што континуирано се вооружува и самата е производител на оружје и муниција што се продава насекаде низ светот, се претставува себеси како жртва. Исто како Москва, Белград манипулира со фактите, ја замаглува реалноста и гради наратив со кој го прикрива сопствениот хегемонизам и агресивната политика. Класична руска пропагандистичка матрица.

Но, оваа димензија на приказната е само дел од поширокиот контекст. Клучното прашање за нас е:

Зошто Северна Македонија не е дел од оваа иницијатива?

Му го поставив ова прашање на проф. Оливер Андонов кој во краткиот, но концизен 6-минутен разговор објасни дека станува збор за важна регионална иницијатива која несомнено се однесува на стабилноста и безбедноста во регионот. Без колебање, Андонов рече дека Северна Македонија треба да биде дел од оваа иницијатива. Но, исто така нагласи дека на прашањето зошто тоа не е случај, треба да одговорат „авторитетите во политиката и одбраната“.

Токму затоа, ова прашање го адресирам директно до Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Нејзината Екселенција Гордана Силјановска Давкова, Претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски, Министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, и Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски.

Јавноста има право да знае. Во време на сериозни геополитички турбуленции и безбедносни ризици, ова прашање добива уште поголема тежина. Ако сме сведоци на тивко повлекување од евроинтегративниот пат – исто така алармантен процес за кој нема објаснување од политичката елита – тогаш барем треба да се обезбеди стабилноста на она што веќе сме го постигнале: членството во НАТО.

Ако институциите и лидерите немаат или не сакаат да понудат одговор, тогаш неизбежно се поставуваат уште потешки прашања:

  • Постојат ли „црвени линии“ на релации што јавноста не ги знае?
  • Дали едниот крај на тие линии е во Белград, или тоа е само релејна станица за Москва?

Ако властите и политичките лидери изберат да молчат пред домашната јавност, неизбежно ќе дојде моментот кога ќе мораат да одговорат – пред НАТО.

И тоа нема да биде лесен одговор.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Албанија Декларација Косово НАТО сојуз Хрватска Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
ФОКУС
January 23, 2026

Собрание на РСМ: Помина законот „Безбеден град“ – казните стартуваат на 1-ви февруари

ВЕСТИ January 23, 2026

Од почетокот на следниот месец преку камерите на системот „Безбеден град“ ќе стартува казнувањето на…

Давос: Трамп од Гренланд доби тоа што САД и до сега го имаа – Европа конечно ѝ покажа заби на неговата вербална агресија

January 22, 2026

Лупинг во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа – се крои план за Гренланд

January 21, 2026

На работниците им пукна филот од „ќе“ на власта – во среда на 28 јануари ССМ на протест

January 21, 2026
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.